Трик за совршено пржен помфрит- ќе биде вкусен како оној од најдобриот ресторан
Ви откриваме трик со чија помош вашиот домашен помфрит ќе биде вкусен како оној од најдобриот ресторан.
Помфритот е идеален прилог со главното јадење, но е одличен и за грицкање со омилениот филм. За помфритот да ви биде вкусен како од ресторан, треба 10 минути пред пржењето да го држите во чинија полна со ледено ладна вода.
Потоа исечениот компир добро исушете го на кујнска крпа, за да не ви прска кога ќе го пржите.
Испржениот помфрит добро процедете го од маслото, посолете го непосредно пред сервирањето, за да што подолго остане крцкав и да не прими влага поради солта.
03.05.2018 - 23:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа