Интел претставува линија процесори за нова ера на услуги

 

·        

Денес е најавена линијата прозиводи „Intel® Xeon® Processor E5-2600 v2“ кои овозможуваат до 45 отсто поголема ефикасност и до 50 отсто поголем перформанс за разлика од претходната генерација.

·        

Нова линија на 22 нанометарски процесори е соодветен за висок перформанс, клауд и други сегменти и нуди нови можности во телекомуникациите.

·        Amazon Web Services* стануваат првиот провајдер кој го користи брендот на Интел и им дава до знаење на потрошувачите дека услугите кои ги овозможуваат ја користат технологијата на Интел.

 

Развивачки форум на Интел (INTEL DEVELOPER FORUM), Сан Франциско, 10 септември 2013 година, Корпорацијата Интел денес го ја претстави новата линија производи Intel® Xeon® Processor E5-2600 v2 (позната под името “Ivy Bridge-EP”), разновидни процесори кои ветуваат дека ќе ги редефинираат серверските, мрежните и инфраструктурите за зачувување кои се наоѓаат во центрите за податоци. Со поголема ефикасност и флексибилност, овие процесори ќе овозможат брзо испорачување услуги за процесирање со висок перформанс, клауд и сегменти на претпријатијата и нудат нови можности за продавачите во областа на телекомуникациите.

Новата линија Ксеон производи се базираат на водечката 22 нанометарска процесирачка технологија, придонесувајќи во зголемена енергетска ефикасност и до 45 отсто во споредба со претходната генерација. Овие процесори содржат и до 12 јадра и овозможуваат и до 50 отсто поголем перформанс за работа со најразличен интензитет.

„Повеќе од кога и да е, организациите бараат од инфомациската технологија да им го трансформира работењето,“ изјави Дајен Брајант сениор потпретседател и генерален директор на групацијата за Центри за податоци и поврзани системи. „Обезбедување клауд услуги подразбира поседување инфраструктура која е доволно разновидна за да ги поддржи различнити количини работа и е доволно флексибилна да одговори на промените во побарувачката на ресурси во однос на услугите, зачувувањето и мрежата.“

Најголем дел од денешните инфраструктури не се конструирани да го следат развојот на ИТ услугите. Управувањето со центрите за податоци е најчесто рачно и статично. Со цел да се овозможат автоматизирани услуги, наредните генерации ќе треба да еволуираат во „софтверски дефинирана инфраструктура“ каде што повеќето функции ќе се управуваат во софтверот. Новите Интел Ксеон процесори обезбедуваат заедничка и компатибилна основа и содржат карактеристики и алатки кои можат да ги трансформираат центрите за податоци во иднина.

Нов, моќен енџин за ефикасни центри за податоци

Линијата производи „Intel Xeon processor E5-2600 v2“ се најразновидните процесирачки технологии на компанијата и ги надминуваат повеќето ограничувања на центрите за податоци. Тоа им дозволува на производителите да воведуваат иновации и да конструираат решенија за најразлични количини работа со цел да се задоволат потребите на потрошувачите.

Овие процесори ќе се најдат на „IBM NeXtScale System“, флексибилна платформа, дизајнирана за справување со многу работа како анализи, техничко процесирање и клауд услуги. Најновите процесори на Интел ќе се користат и кај новиот сервер на IBM, „x3650 M4 HD“, совршен за управување со многу податоци и работа на бизнис клиенти, како и кај други системи на IBM, Flex System, iDataPlex, и BladeCenter.

Редефинирање на мрежите и зачувувањето податоци

Се очекува протокот на податоци кои произлегува од мобилните уреди и услугите поврзани со истите да има годишна стапка на растење од 66 отсто во наредните четири години. Ова става дополнителен притисок врз мрежната инфраструктура од која се очекува да биде побрза и поефикасна за да овозможи побрзо обезбедување услуги.

Во денешно време, мрежната конфигурација бара рачно поставување од компетентен ИТ персонал и може да поминат две до три недели за да се распоредат мрежните ресурси за поддршка на апликации и услуги. Новата линија процесори го забрзува ефикасното процесирање на податоците во мрежата кои најчесто се обработуваат со скапи енџини на кои се префрлуваат податоците и други сегменти кои се наоѓаат во мрежната конфигурација.

Со помош на референтниот дизајн за Отворена мрежна платформа (ONP), потрошувачите ќе можат да ги користат серверите базирани на Ксеон технологијата во комбинација со отворени стандарди за да ги усогласат со мрежните апликации. Референтниот дизајн за ONP серверот на Интел се базира на профилот „Wind River Open Virtualization и „Intel Data Plane Development Kit Accelerated Open vSwitch“.

HP е партнерот за референтниот дизајн на овој сервер. „Организациите бараат поотворена, стандардизирана технологија која ќе ги задоволи комплексните информатички барања, како клауд апликации, поддршка за виртуелизирани средини или за замена на скапи апарати како VPN-и и рутери,“ изјави Вернер Шаефер, потпретседател за пазари и бизнис развој, HP сервери. „Овие референтни дизајни со иновативни HP ProLiant Gen8 сервери и HP мрежни решенија им овозможуваат на корисниците да ги консолидираат податоците за работа, ги намалуваат трошоците за распоредување и го скратуваат времето за обезбедување на услугата.“

Со цел да се забрза распоредувањето на софтверски дефинирани инфраструктури, Интел го најави „ Intel® Network Builders“. Програмата им овозможува на партнерите во екосистемот да го искористат дизајнот за платформи за забрзување на распределбата на SDN и NFV. Со учество на повеќе од 20 водечки компании, партнерите на Интел ќе можат да пристапат до проширен список на референтна архитектура на проверени решенија за градење и оптимизирање на софтверски дефинираната инфраструктура базирана на денешните барања во телекомуникациите, клауд и центрите за податоци.

Ксеон процесорите се дизајнирани и да работат со рентабилно, дистрибуирано и софтверски дефинирано зачувување на податоците. Од 2012 до 2020 година количината на зачувани податоци двојно ќе се зголемува на секои две години и ќе достигне бројка од 40ZB. Брз пристап до овие податоци за задачи како анализа на податоци бараат поинтелегентно процесирачко решение, како и значително намалување на цената по зачуван терабајт.

Dell ги одбра новите процесори за своето ново решение за зачувување податоци. „Интел Ксеон линијата процесори овозможува одлична хардверска основа за врвните и иновативните решенија на Dell, како што се нашите PowerEdge VRTX и интелегентни решенија за зачувување податоци на повеќе нивоа,“ изјави Форест Нород, потпретседател и генерален директор за серверските решенија на Dell.

 

Amazon Web Services: Интел во услугите

Интел Ксеон процесорите се дел од повеќето клауд центри за податоци во денешно време. Амазон веб услугите (AWS) го објавија договорот со Интел, известувајќи ги корисниците дека услугите кои ги нудат користат Интел технологии. Услугите кои ќе користат само Интел процесори, ќе го содржат брендот на Интел.

Амазон има намера да ја вклучи линијата производи Ксеон во своите центри за податоци оваа година и ќе го постави препознатливото лого “Intel Inside” на својата веб страница за да ги извести корисниците за перформансот, квалитетот и безбедноста кои ги добиваат. 

 

Поддршка од индустријата

Од денес па натаму, се очекува производителите на системи од целиот свет да најават стотици платформи базирани на Интел Ксеон Е5 процесорите. На листата на производители се најдоа Acer, Apple, Asus, Bull, Cray, Cisco, Dell, Fujitsu, HP, Hitachi, Huawei, IBМ, Inspur, Lenovo, NEC, Oracle, Quanta, SGI, Sugon, Supermicro, TYAN, Wiwynn и Unisys.

 

Цени и достапност

Ксеон процесорите ќе се нудат во 18 различни делови кои варираат од 202 до 2614 долари во количини од 1000. Исто така, делови за процесорот Интел Ксеон E5-1600 ќе варираат од 294 до 1080 долари.

Целосни информации за цените може да се најдат на: http://intc.com/priceList.cfm. За повеќе детали за новите Ксеон процесори одете на: www.intel.com/xeon. За повеќе детали на светски рекорди и други информации посетете ја страницата: www.intel.com/performance/

 

За Интел

 

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.

11.09.2013 - 13:35

најчитано сега