СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски си поигруваат со чувствата на граѓаните

 

Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречување на правдата и злоупотреби на судските процеси беа главна одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија којашто и денес како опозиција продолжува со ниското, приземно ниво на злоупотреба на човечки трагедии, се вели во соопштението на СДСМ.

 

“За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога политиката се мешаше во судството а процесите партиски се нарачуваа и монтираа заврши со заминувањето на таа партија во опозиција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајнички, ниско и скандалозно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствата на граѓаните. Тоа е ниско, приземно, неодговорно и покажува дека Мицкоски се уште е заробен во погрешните политики на Никола Груевски. За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали коишто ги поседуваше СДСМ, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство”,стои во соопштението.

 

 

 

19.04.2018 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега