По посетата на Атина медијаторот Нимиц на средба со претседателот Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за грчко-македонскиот спор со името.
Средбата ќе се одржи во 17 часот и 45 минути во Вила Водно, јавија од кабинетот на претседателот.
Медијаторот Нимиц допатува во Македонија од Атина, каде вчера се сретна со министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос.
10.09.2013 - 16:18
Фото:
новини.мк