Од полноќ поскапуваат бензинот и дизелот

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините од ноќеска се зголемуваат за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари за литар.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 83,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 85 денари, а на Еуродизелот 73 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство  се зголемува за три денари и ќе изнесува 62 денари за литар. Се зголемува и цената на Мазутот кој ќе се продава по 42,774 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 115,3 долари по барел и е за 3,9 проценти повисока од просечната цена на сурова нафта. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 46,3 денари за долар и е за 0,59  проценти повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. 

10.09.2013 - 12:47

најчитано сега