СДСМ: Нотираниот напредок од „Фридом хаус“ – потврда за успешниот реформски процес започнат од Владата на СДСМ
Последниот извештај на „Фридом хаус“ во кој се нотира напредок во независност на медиумите и демократското владеење е уште една потврда за исправноста на започнатиот реформски процес од Владата предводена од СДСМ, соопштуваат од партијата.
„После долги години уназадување кога Македонија беше категоризирана како заробена држава извештајот на „Фридом хаус“ за првпат нотира дека во 2017 година постои напредок во националното демократско владеење и независноста на медиуми, а Македонија е категоризирана како „светла точка“ и држава која најмногу ветува дека е можен демократски пробив во Европа.
Ова се првични констатации, после само неколку месеци од преземањето на одговорноста од страна на СДСМ“, пишува во соопштението на СДСМ.
Оттаму велат дека реформскиот процес, ослободувањето и професионализацијата на државните институции што овозможуваат независни медиуми, професионални институции и неселективно владеење на правото ќе продолжи уште позасилено.
„Напредокот на Македонија во сите сфери продолжува!“, се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа