Груевски и Ристовски пуштија во употреба хемиско-биохемиска лабораторија во Високата медицинска школа во Битола

 

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска во Битола пуштија во употреба нова лабораториска опрема, сместена во Kлиничката болница, како дел од апаратурата на Високата медицинска школа при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
 
Станува збор за опрема во вредност од 28,3 милиони денари, средства со кои Владата и Министерството за образование и наука обезбедија четири нови инструменти со мултипликативен карактер и ќе бидат составен дел на постоечката хемиско-биохемиска лабораторија.
  
Новата опрема во лабараторијата на Високата медицинска школа-Битола ќе се користи за научни цели, но и ќе се стават на располагање на стопанството и прватниот сектор каде заинтересираните субјекти ќе може да вршат истражувања значајни за нивното работење.
 
- Со новата опрема и вашата стручна оспособеност ќе можете да излезете во пресрет на потребите на студентите, но и на бизнисот. Приватниот сектор има потреба од овој тип услуги, за да не трошат средства во странство и затоа час поскоро треба да ги афирмирате овие придобивки и можности на новата хемиско - биохемиски лабараторија, му предочи премиерот Груевски на менаџментот на Високата медицинска школа во Битола.
  
Со ваквите инвестиции се подобрува квалитетот на образовниот процес, но воедно истите се користат за потребите на приватниот сектор излегувајќи во пресрет на нивните потреби, беше истакнато за време на денешната промоција на новата лабараторија во Високата медицинска школа во Битола. 

07.09.2013 - 14:37

најчитано сега