Во Тетово летале куршуми на сите страни - тетовчани пукале од возило во движење
Синоќа околу 23 часот двајца тетовчани го нарушиле јавниот ред и мир со пукање додека со Волксваген Буба се движеле по булеварот „Илинденска“ кај поранешен Автопрогрес во Тетово.
Полицијата ги привела 19-годишниот В.Т. и 17-годишниот Б.Љ. на кои им е пронајден и одземен гасен пиштол Еко Магнум што го поседувале без дозвола, како и рамка со два патрони.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
07.09.2013 - 11:13