Два пожари беснеат во Македонија
На територија на Република Македонија до 10:00 часот има два активни пожари.
На територија на општина Кичево кај селото Осломеј избувнал пожар на непристапен терен. Со пожарот е зафатена ниско стеблеста шума. Поради непристапноста на теренот гасењето од копно е оневозможено и по барање на градоначалникот на општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување утринава во 6.40 часот активира двата противпожарни авиони Ait Tractor за локализирање на пожарот и недозволување истиот да се прошири. Се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде локализиран.
Во Македонски Брод во текот на вчерашниот ден избувнал пожар за кој според последните информации на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување нема потреба од ангажирање на противпожарните авиони. Во моментов за локализирање на пожарот се анагажирани околу 40 лица од ЈП Македонски шуми и Територијална противпожарна единица. Се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде локализиран.
На територија на општина Чучер-Сандево на потег кон Блаце текот на вчерашниот ден појавен е пожар. Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување информира дека истиот во текот на вчерашниот ден е локализиран.
Други активни пожари на цела територија на Република Македонија.