СДСМ: Партизацијата беше карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ
Администрацијата денеска работи слободно и во интерес на сите граѓани, партизацијата беше карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.
Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите и вработените во администрацијата, Македонија со години беше квалификувана како заробена држава“ стои во соопштението.
Тие додаваат дека заврши времето кога административните службеници беа злоупотребувани да работат во интерес на партии и поединци.
„Процесот на реформи во администрацијата што го спроведува Владата предводена од СДСМ обезбедува ослободување и професионализација на државната и јавна администрација. Постојат предизвици, но се преземаат сериозни чекори кон создавање на функционални институции коишто работат транспарентно и исклучиво во интерес на сите граѓани, а лицата вработени во нив ги извршуваат работните обврски независно и професионално“ - соопштуваат од Центарот за комуникации на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа