Битолчанец си го претепал родениот татко бидејќи не му дал пари
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 52 годишниот М.Ц. бидејќи си го претепал сопствениот татко.
Според полицијата, на 8. јули годинава во својот дом во село Тодори, пијаниот М.Ц. почнал да му бара пари на неговиот татко Д.Ц.(75), а откако тој одбил, М.Ц. се збеснал и физички го нападнал. Таткото си заработил телесни повреди од ќотекот, а насилникот си заработи кривична пријава за „загрозување на сигурноста“.
04.09.2013 - 12:05