Словенија подготвена за првенството - Македонија подготвена да навива за своите херои

 

Од утре до 22 септември Словенија ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Шпанија е бранител на шампионскиот трофеј и е прв фаворит на ова првенство. Меѓу фаворитите кои светските обложувалници ги прогласија за репрезентации со најголеми шанси за висок пласман, се најдоа и Франција,  Литванија, Грција, додека нешто помали шанси се даваат на Турција, Русија, Србија и Словенија. Македонската, хрватската и италијанската репрезентација се вбројуваат во селекциите кои може да изненадат.

Нашите кошаркари веруваме дека ќе дадат се од себе за да го подобрат или повторат историскиот успех од пред две години, кога завршија на четвртото место на Европското првенство. 

Двојки за утрешното 1.коло во четирите групи:

А група (Љубљана): 
14:30 часот: Израел - Велика Британија 
17:45 часот: Белгија - Украина 
21:00 часот: Франција - Германија

Б група (Јесенице) 
14:30 часот: Летонија - БиХ 
17:45 часот: Македонија - Црна Гора 
21:00 часот: Србија - Литванија

Ц група (Цеље) 
14:30 часот: Грузија - Полска 
17:45 часот: Шпанија - Хрватска 
21:00 часот: Чешка - Словенија

Д група (Копер) 
14:30 часот: Турција - Финска 
17:45 часот: Шведска - Грција 
21:00 часот: Русија - Италија.

Трите првопласирани репрезентации по одигрувањето на петте кола од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

03.09.2013 - 15:36

најчитано сега