Османи на работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе одржи работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија. Средбата ќе се одржи во 09:30 часот во просториите на Секретаријатот за европски прашања. На средбата се поканети амбасадорите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Црна Гора и Република Србија.
Средбата се одржува на само еден ден од излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, што ќе биде и глава тема на состанокот, каде се очекува да се отворат и останатите теми од регионален интерес, како што се: следниот циклус на извештаи на Европската Комисија за земјите аспиранти за членство, напредокот во меѓусебната соработка и добрососедските односи, потенцијалите за соработка во рамките на Берлинскиот процес итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа