Димовски: Ако сакавме да го блокираме Собранието ќе поднесевме 350.000 амандмани а не 35.000

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на брифинг во Собранието, вели дека доколку Џафери ги повлече амандманите и не ги разгледува Собранието, тој нема да го применува законот и надвор од законската процедура.

- „Не може Џафери да го оспори правото на ниту еден пратеник да поднесе амандман и да оспори, односно Собранието да не ги разгледа. Повтореното трето читање не е оценување на уставноста. Но пратениците имаат право, во отстапка да укажат дали одредени решенија во законот се уставни или не. Собранието тоа го има како надлежност. И во претходните фази, постоело. Третата фаза која сега е во Собрание е целосно легитимна, а основ, се укажувањата на претседателот Иванов“, вели Илија Димовски, кој апелираше до Џафери да размислува во правец да обезбеди нормално функционирање на Собранието на Република Македонија. Поднесувањето на 35.000 илјади амандмани е со цел да ја разбуди свеста кај Владата на РМ, дека за овие прашања треба да биде постигнат општествен консензус. Тие треба да разговараат со професори правници и албанолози, да ги слушнат ставовите на помалите политички заедници. Постојат 10 формални начини за се дојде до решение, изјави тој.

Според него ако ВМРО-ДПМНЕ сакале да ја блокираат работата ќе поднеле 350.000, а не 35.000 амандмани.

 

 

 

30.01.2018 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега