Мицкоски: Молчам и трпам за трагедијата во Кочани - Обвинителството има одврзани раце

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.

- „Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот.

12.06.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега