Лидерската средба траеше пет часа: Заев оптимист дека ќе се најде национален консензус
По полноќ синоќа заврши лидерската средба на која се разгледуваа предлозите од Нимиц и се одредуваа нашите црвени линии за спорот со името.
По средбата, премиерот Заев истакна дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање, кое бара одговорност од сите страни.
- „Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите“, рече Заев по средбата со државниот врв.
Истакна дека е оптимист и ќе продолжат преговорите, а нема да ги коментира грчките позиции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа