БЕСА се налути за Лидерската средба
Во тек е координативната средба на државниот врв за предлозите на Нимиц во Клубот на пратеници, а тоа ја налути БЕСА.
Од партијата се налутија бидејќи само ДУИ се на средбата.
- „Ние го разбираме фактот дека секоја македонска политичка партија било тоа СДСМ или ВМРО ДПМНЕ поедноставно им е да ги повикуваат само ДУИ во вакви процеси бидејќи тие добро ја знаат улогата на статист на ова партија во овие битни процеси за иднината на граѓаните на Македонија, но не можеме да сфатиме како е можно да се игнорираат мнозинството од над 50% на граѓаните кои во овој случај не се претставени преку ДУИ?“, велат од Беса.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа