ВМРО-ДПМНЕ поднеле 70 амандмани за Законот за јазиците
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега поднела 70 амандамни за законот со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик.
Ѓорчев на прес-конференција во Собранието кажа дека тие се подготвени да разговараат за законот, за кој сметаат дека треба да биде донесен со консензус.
- „Да се формираат работни групи, да се консултира експертската јавност, да се видат меѓународните искуства. Ние сме подготвени да дискутираме за зголемен опфат и употреба на јазиците во Република Македонија. Истовремено не сакаме да се носат решенија што се набрзина подготвени. Не е добро само во име на формирање на некоја коалиција во кус рок да се прават закони што се лоши, недоречени и кои огромен број луѓе не знаат како да ги применуваат, ниту, пак, да ги разберат“, рече Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа