Хрватскиот претседател Јосиповиќ од утре во Македонија
Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ утре и задутре ќе престојува во официјaлна посета на Република Македонија.
Според агендата, на првиот ден од престојот во Скопје Јосиповиќ ќе има средба со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а во четврток ќе разговара со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски.
За време на посетата Јосиповиќ ќе се сртене и со претставниците на хрватската заедница во Македонија.
Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ќе ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.
03.09.2013 - 09:55