Ждрепката е утре:Со кого може Македонија да игра во баражот за СП

 

Македонската ракометна репрезентација ќе биде меѓу носителите на ждрепката за Светското првенство во 2019-та и веќе ги дозна имињата на потенцијалните противници.

Носители се практично првопласираните 9 селекции од Европското првенство во Хрватска, а Македонија влегува во тој шешир како освојувач на 11-то место. Тоа се должи на тоа што Германија и Данска како домаќини на Мундијалот и Франција како актуелен светски првак (значи сите три автоматски пласирани) ослободуваат три места.

Македонија се наоѓа во првиот шешир на носители заедно со Белорусија, Хрватска, Чешка, Исланд, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска или Шпанија.

Противник во баражот ќе им биде една од селекциите на: Австрија, БиХ, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Романија и Русија.

Покрај Данска, Германија и Франција засега сигурни учесници на Мундијалот се и Бахреин, Катар, Јужна Кореја и Саудиска Арабија. Во тоа друштво ќе влезе и новиот европски шампион. Ако тоа биде Франција или Данска, ќе му отвори место на следнопласираниот.

Преку бараж дуелите кои ќе се играат меѓу 8-ми и 14-ти јуни по принципот дома – гости од Европа ќе се пласираат уште 8 селекции.

 

Ждрепката за баражот е закажана во сабота со почеток од 16:00 часот, а Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра 9 до 27 јануари наредната година.

 

 

 

25.01.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега