Добри вести: Повредата на Кире не е најстрашна
Повредата на Кире Лазаров не е толку тешка како што се очекуваше и најавуваше, пишува порталот Екипа повикувајќи се на свои извори вели дека медицинскиот преглед на капитенот покажал дека повредата е со помала тежина и дека постојат сериозни шанси тој да му се стави на располагање на тренерот Раул Гонзалес.
Екипа пишува дека од РФМ веќе ангажирале врвни доктори и медицински персонал од целиот регион за да ја оспособат нашата „седмица“ и да и дадат крила на нашата репрезентација.
Екипа пишува дека официјална информација за состојбата на Кире најверојатно нема да добиеме до утре, односно дали Лазаров ќе настапи против Чешка ќе се знае непосредно пред натпреварот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа