544 првачиња влегоа во училиштата во Охрид

 

Наставата во осумте основни училишта на територијата на општините Охрид и Дебрца како и во трите средношколски центри почна непречено. Годинава во општина Охрид школската година ја започнаа вкупно вкупно 4.976 основци, од кои 544 првачиња распределени во 28 паралелки во основните училишта.

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денеска на првиот училишен ден ги посети првачињата од ОУ „Григор Прличев“, посакувајќи им успех во образованието.

- Образованието е континуиран процес и многу важен животен предизвик кој треба успешно да се совлада, бидејќи стекнатото знаење постојано ќе ве придружува низ животот, им порача на првачињата. На првачињата им посакувам овој ден да им биде исполнет со многу радост и смеа и таквата позитивна енергија да ги следи до последниот училишен ден, им порача градоначалникот Бакрачески.

Тој ги посети уште и учениците од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ како и подрачното училиште во селото Ливоишта, што со одлука на Советот на општината беше формирано како дел од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, а наменето за децата од селата Ливоишта и Вапила.

На првиот училишен ден децата ги посети и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, кој на свеченоста по повод почетокот на новата учебна година одржана во ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта додели 20 стипендии за најдобрите ученици во општината. Истовремено новата локална самоуправа предаде и донација во училишен прибор за првачињата кои своето образование го почнаа во училиштата на општина Дебрца.

Она што загрижува е трендот што бројот запишани првачиња бележи тренд на константно намалување. Потврда на тоа е одлуката на Советот на општината Охрид на која беше дадена согласнот за формирање  паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, како и  за формирање  паралелки со помалку од 25  ученици  во  ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид и  ОУТУ „ Ванчо  Питошески“ Охрид. 

 

02.09.2013 - 12:12

најчитано сега