Анѓушев за Сител: Продажбата на ЕДС не е поврзана со спорот со името

 

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, истакна дека продажбата на неговата компанија ЕДС на Грчкото државно електростопанство не е поврзано со преговорите за спорот со името, а ваквите обвинувања ги оценува како неосновани и несериозни - изјави тој во Дневникот на Сител.

Продажбата на компанијата, вели, е поврзана со бизнис логика. Грчкото електростопанство ја имало и најдобрата понуда и нудело најдобра перспектива за неа. Потенцира дека таа е направена е врз основа на ревизорски извештај изработен од реномирани меѓународни ревизорски куќи ангажирани од сите страни што преговарале и оти цената е фиксно детерминирана. Додава дека таа ќе биде јавно изнесена во неговиот анкетен лист за сите граѓани да можат да ја видат.

Погледнете го целото интервју:

 

 

 

21.01.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега