Борко Ристовски го „пецна“ Лино Червар - му даде интересен надимак
Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски по ремито со Германија истакна дека разликата ја прави селекторот, а индиректно го „пецна“ и Лино Червар, кого го нарече – шарлатан.
-Оваа генерација е иста, претходно имавме селектор-шарлатан, сега имаме човек кој си ја знае работата. Знаеме кога играме, со кого играме и како треба играме, вели Ристовски.
Борко нагласува дека и покрај овие резултати, не треба да се залетуваме од изјавата на типот одиме на медал, туку цврсто треба да останеме на земја.
-Да уживаме во успехот, не знам кога Македонија била прва во групата и кога минала во втората фаза со овој број на бодови. Го дадовме најдоброто од себе, не треба да се бара кој играл лошо, туку да се биде позитивен по овие три средби, заклучува Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа