Шведска ја порази Хрватска среде Сплит и ја однесе Србија во следната фаза
Ракометарите на Хрватска вечерва беа поразени со 35:31 од репрезентацијата на Шведска во третото коло од групната фаза на Европското првенство на кое што се домаќини.
Хрватите слабо тргнаа во натпреварот, па Швеѓаните имаа предност од 5 разлика (17:12) уште на полувремето.
Со овој резултат, Шведска избива на првото место во групата А со 4 поени, исто колку и Хрватска, додека Србија се искачува на трето место пред Исланд, откако претходно денеска во меѓусебниот дуел славеја со 29:26.
Во вториот вечерашен натпревар, од групата Б, Норвешка беше поуспешна од Австрија. Со оваа победа Норвешка се осигура на втората позиција позади Франција. Трета е репрезентацијата на Белорусија, додека Австријците без поени си заминуваат дома.
Во втората фаза, Франција и Шведска пренесуваат по 4 поени, додека Норвешка и Хрватска патуваат со по 2 поени. Без поени во завршната фаза ќе бидат Белорусија и Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа