Георгиевски: Наше е да дадеме се од себе,но и да загубиме од Германија нема да биде трагедија
Македонија одигра одлично во првите два натпревари со Словенија и Црна гора а следи сеГерманците кои се фаворити на ЕП.
Пред натпреварот со Германија се обрати и крилото на Македонија Гоце Георгиевски.
„За нас ова е прв пат да сме со четири бодови првопласирани во групата на едно Европско првенство, поради тоа мораме да бидеме задоволни. Одигравме два тешки натпревари, сега не очекува натпревар против Германија, а сите добро знаеме за каков противник се работи. Тие се исклучително квалитетна репрезентација, на нас ни останува добро да се спремиме и да излеземе да прикажаме добра игра. Германија е фаворит во овој натпревар, ние ќе се обидиме да ги спроведеме замислите на селекторот и да стигнеме до поволен резултат, но и да загубиме секако нема да биде трагедија“, изјави Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа