Македонија казнета: Ракометарите носеле лоши гаќи
Ракометната федерација на Македонија ќе треба да плати казна за гаќичките на македонските ракометари. Како што објавува Екипа, РФМ ќе биде олеснета за 1000 евра бидејќи гаќичките под шорцевите кои ги носеле ракометарите биле непогодни. Според информациите на вчерашниот меч против Црна Гора лоши гаќи носеле Манасков, Лазаров, Велковски, Стоилов, Талевски, Кузмановски и Филип Лазаров.
Уште 1000 евра за плаќање според Екипа федерацијата има и за „лошите“ чорапи кои на мечот против Словенија не биле според прописите на ЕХФ.
16.01.2018 - 12:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа