Станиќ спушти ролетна - Металург во Лигата на шампионите

 

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург успеа да се пласира во групите од Лигата на шампионите. Вечерва Металург го загуби реванш квалификацискиот дуел од унгарската екипа Пик Сегед со 23:19 (11:7).

Но, со вкупен резултат (во Скопје беше 26:16) 45:39 македонската екипа се избори да биде дел од Ц групата, каде за противници ќе ги има македонскиот првак Вардар, светскиот шампион Барселона, ПСЖ од Франција, Вакер Тун од Швајцарија и Динамо Минск од Белорусија.

Македонската екипа го издржа притисокот наметнат од домашната екипа и на полувремето ПИК Сегед имаше предност од 11:7. Истата разлика остана и на крајот од натпреварот, а најзаслужен е голманот на Металург, Дарко Станиќ бидејќи по водството на домаќините со 13:7 (33.минута) ја почна серијата одбрани и до крајот на дуелот имаше вкупно 17.

Металург со смирена игра во 50.минута дојде до негатива од еден гол (17:16), со што го завери пласманот во Лигата на шампионите.

Најефикасен на натпреварот беше Франтишек Шулц од ПИК Сегед со 7 голови, а Павел Атман кај Металург постигна 5.

01.09.2013 - 21:29
Фото: 
РК Металург

најчитано сега