Со 61 глас „За“ пратениците го поддржаа Договорот за добрососедство со Бугарија

 

Со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ пратениците во Собранието го донесоа Законот за ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија. Пред гласањето, пред пратениците се обрати министерот за надворешни работи Никола Димитров кој порача дека факт е дека тешки и деликатни прашања меѓу две соседни држави тешко се договараат со идеален текст, но исто така е факт и дека со договорот растеме и двете држави и даваме сигнал дека и во нашиот регион можеме да се однесуваме европски, порача министерот за надворешни работи.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ  денеска не беа присутни на работата на Собранието.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете министерства за надворешни работи и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Покрај заедничко чествување на празниците, со Договорот е предвидена соработка пред меѓународните институции на чело со Обединетите нации и Советот на Европа, соработка на полето на инвестициите, економијата, царината, туризмот, спортот, образованието, културата.

Со Договорот, кој веќе е ратификуван од Бугарскиот парламент, Бугарија се обврза дека ќе ја помага Македонија на патот за членство во ЕУ и НАТО.

Македонија се обврзува дека ништо од нашиот Устав не може и не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита и правата на лица што не се државјани на Македонија.

 

 

15.01.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега