Осум општини со поддршка од УСАИД ќе се справуваат со предизвиците од климатските промени
Осум општини преку УСАИД ќе добијат подршка за справување со предизвиците од климатските промени.
Градоначалниците на Богданци, Маврово-Ростуше, Теарце, Студеничани, Пехчево, Виница, Кривогаштани и Боговиње денеска потпишаа изјави за вклучување во проектот „Општински стратегии за климатски промени“.
- Климатските промени претставуваат голем проблем во Македонија, се предвидува до 2050 година температурите да пораснат за 2 степени, а дождот да се намали за 5 проценти. Овие промени ќе влијаат врз земјоделството, но ќе имаат свој негативни последици врз безбедноста на храната, снабдувањето со вода но ќе доведат и сериозни временски проблеми како што се пожари, поплави и суши, истакна директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Роберт Вурц.
- Проектот започна во септемви 2012, а ќе трае две години. Покрај тоа што ова за нас е нов проект, ова е и прв ваков пилот-проект што УСАИД го поддржува во светот, изјави Игор Славкоски директор на Милиеуконтакт.