Панихида за Тодор Александров во Штип

 

Во организација на Здружението на граѓани почитувачи на делото на ТОдор Александров, голем број на граѓани денеска ја одбележаа 89-годишнината од смртта на македонскиот револуционер, некогашен лидер на ВМРО. Бројни делегации положија цвеќе на спомен плочата во Ново Село, откако претходно во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се одржа панахида за Александров. Овој пат на Александров му се поклони Јохан Тарчуловски.

На денешното одбележување присуствуваа и министерот за Образование и Наука, Спиро Ристовски, Антонио Милошоски, штипскиот градоначалник Илчо Захариев, претседателот на Советот, Влатко Миташев, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и други.

Пред спомен плочата говор одржа Тоше Ристов, еден од првите претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои започнаа со одбележување на ликот и делото на Тодор Александров.

- Морам да кажам дека ова ни е 18-та година и сега е многу полесно. Кога ќе се види оваа маса на луѓе, како од година во година има се поголем број на Македонци кои го славата делото на Александров, мило ми е што започнавме со оваа традиција. Не беше лесно, бидејќи во тие времиња имавме многу опструкции. Но мислам дека Александров, како роден штипјанец, човек кој потекнува од Штипско Ново Село, и човек кој ги спроведувал идеалите на ВМРО за слободна и независна Македонија, ја заслужува секоја почит, рече Ристов.

31.08.2013 - 12:56
Фото: 
Курир

најчитано сега