Наместо бензин се точела вода - голем скандал го тресе Охрид
Охриѓани се пожалиле дека имале проблеми со своите автомобили, откако позната бензинска пумпа во градот, во резервоарите им точела вода наместо бензин, пренесуваат охридските медиуми.
Според информациите до кои стигнале охридските медиуми, до овој проблем на пумпата дошло поради скинато црево преку кое доаѓала водата во резервоарите на пумпата. Оштетените охриѓани го пријавиле случајот во полиција и во надлежните инспекторати.
Началникот на пазарниот инсппекторат, Ѓорѓи Бошалевски, за порталот „А1Он“ го потврдил настанот.
-Веднаш излеговме на терен. Се земаат примероци од бензинот кои веднаш ќе бидат пратени на анализа во Скопје. Се додека не ги добиеме резултатите од анализите, нема да се превземе ништо, истакнал Бошалевски за „А1Он“.
Граѓаните најавиле тужби против бензинската пумпа.