Отров кој го пиеме секојдневно - го уништува здравјето за 60 минути

 

Засладени пијалоци се едни од најлошите работи кои можете да ги внесете во своите организми, покажуваат истражувањата кои и го поддржуваат ваквото тврдење.

Најновите студии објавени во Американските весници, за јавно здравје, доаѓаат од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско. Истите ги даваат резултатите кои на сите љубители на овие шеќерни засладувачи, за во иднина ќе ги предомисли за понатамошно конзумирање.

Во обидот да се откријат дали газираните пијалоци го забрзуваат процесот на стареење на телото, или пак не, истражувачите набљудувале и оценувале 5300 здрави возрасни луѓе, кои пиеле шеќерни засладувачки пијалоци, диетални, газирани пијалоци и овошни сокови во период од 5 години.

Испитаниците од 20 до 65 години, немале ниту дијабетис ниту пак кардиоваскуларни болести велат научниците.

Шеќерните пијалоци се покажале уште понездрави отколку што истражувачите сметале претходно.

Како што е тестирано дали постои врска меѓу засладените пијалоци и стареењето на клетките, истражувачите ги споредувале конзумирањето на пијалоци кај заболените, преку должината на теломер леукоцити или краевите на кромосом. Колку теломерите биле пократки, клетките помалку можеле да се регенерираат, укажувајќи на брзото стареење и забрзаниот ризик од болести и прерана смрт, известува CBC, Сан Франциско.

Откриено е и тоа колку повеќе испитаниците ги конзумираат зашеќерените пијалоци, толку повеќе се пократки нивните теломери.

„Ова откритие само ја покажува алармантноста за тоа дека старееме поради конзумирањето на газираните пијалоци, и тоа многу повеќе од тоа колку сме самите свесни“, изјавила една од водечките автори на оваа студија доктор Елис Епел, која посвети пет години на овој експеримент.

Околу 21% од испитаниците на анкетата признале дека конзумираат околу 0,5 литри газирани пијалоци на дневна база, што по пресметката на истражувачите значи пократок живот за околу 4,5 години.

По социодемографските и здравствените карактеристики истражувачите заклучиле дека со 95% сигурност засладените пијалоци се поврзани со кратките теломери во оваа студија.

100% овошни сокови би можеле да имаат позитивн влијание на здравјето на човекот, додека засладените газирани пијалоци лошо влијаат на долгорочното здравје.

Претходните студии докажале дека пијалоците содржат шеќери кои го забрзуваат стареењето на клетките, известува Guardian Libertu Voice.

Редовното конзумирање на засладени газирани пијалоци би можело да влијае на метаболичките болести и развојот на забрзаното стареење на клетките, се заклучува во извештајот, укажувајќи на тоа дека и други фактори би можеле да допринесат во скратувањето на теломерот и настанувањето на болестите.

„Мислиме дека можеме да конзумираме големи количини на газирани пијалоци, додека не добиеме на тежина, но тоа сугерира дека постои невидлив пат кој води до забрзано стареење, независно од тежината“, изјавила доктор Епел.

Професорката планира да извести за уште една студија која ќе ги набљудува навиките на конзумирање на засладени пијалоци кај доброволци во „реален период“ пред да ги спореди со стареењето на клетките.

 

 

 

27.12.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега