Може да биде многу опасно - сите го јадеме, а од него може да се добие Ешерихија коли
Агенцијата за стандарди во прехрамбените производи во Велика Британија објавила предупредување дека бактеријата Ешерихија коли може да се добие од сирово брашно, а предизвикува пролив и повраќање, односно може да доведе до застој во работата на бубрезите.
Предупредувањето е објавено откако се забележани повеќе случаеви на заразени со оваа бактерија, а заболените ја внеле во организмот по подготовка на готови смеси за колачи, односно откако лижеле од сировата, непечена смеса.
Се уште не се знае дали во Европа е стигнато контаминираното брашно, но предупредувањето секако стои.
Инаку, покрај сировото брашно, н треба да се лиже ниту од мешавините за колачи и поради сировите јајца од кои се заканува заразата салмонела. Овие бактерии се уништуваат при термичка обработка на храната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа