Виница: Пријавиле дека починал од мозочен удар - судска медицина утрврдила насилна смрт

 

Пријавиле дека починал од мозочен удар, а вештаците на судската медицина утврдиле насилна смрт. Читател до редакцијата на Press24 испрати информација дека на 26 април во фабрика во Виница било пронајдено телото на Г.Д. Тој вели дека малдиот Г.Д. околу 10 часот излегол во дворот на фирмата кога неговите колеги чуле силен тресок. Кога излегле надвор виделе дека момчето лежи на земја. Веднаш повикале медицнска екипа, но веќе било доцна. Г.Д бил мртов па лекарите констатирале смрт. 
Во првичниот извештај било пријавено дека момчето починало од мозочен удар, но според неофицијални информации на Press24 Г.Д. починал од силен удар од тап предмет, а имал сериозни повреди по целото тело. Од МВР потврдуваат дека била пријавен смртен случај во споменатата фабрика но се уште немаат информации како поминало вештачењето на Судска медицина. Според извори на Press24 најверојатно се работи за повреда на работното место

најчитано сега