Штипјанец умрел додека празнично се молел во манастир

 

74-годишен маж од штипското село Љуботен вчера наутро починал додека бил селска слава во соседното село Пиперово, каде се чествувал православниот празник „Свети Јоаким Осоговски“, пренесува Канал5.

Според дел од очевидците, на старецот му се слошило додека се молел во манастирот. Другата верзија на мештаните е дека тој починал додека се обидувал да се фати на орото. Неговиот син и присутните безуспешно се обидувале да го вратат во живот, пишува Канал 5.

Присутните селани викнале брза помош но, и тие со автомобил  тргнале кон Штип. Кај селото Лакавица, лоцирано на самата магистрала Штип-Радовиш се пресретнале со возилото на брзата помош.

Според информациите на Канал 5, еккипата на брза помош половина час, приклучувајќи го на апарати онесвестениот старец, безуспешно се обидувала да го врати во живот, констатирајќи ја смртта како последица од здобиен тежок инфаркт.

30.08.2013 - 09:40

најчитано сега