Што ќе се случи со вашето тело ако еден месец не пиете кафе

 

Новинарка од сајтот Byrdie.com поради проблеми со кожата престанала да пие кафе три недели, а резултатите биле неверојатни. Ви го пренесуваме нејзиното искуство.

Ако барем еднаш сте биле кај дерматолог, сигурна сум дека ви препорачал да пиете помалку кафе или во целост да престанете. Дерматологот повеќе пати ме советуваше да го направам тоа, но не бев подготвена да се одречам од мојата кофеинска зависност. Но, од чиста љубопитност одлучив да не пијам кафе три недели, а во продолжение ќе ви раскажам до какви неверојатни резултати дојдов.

Сигурно барем сто пати сте слушнале некој како тврди дека одрекнување од некои намирници допринело за подобар изглед на неговата кожа. Многу често станува збор за шеќер, млечни производи, пченично брашно или кафе. Неброени пати од дерматологот сум чула дека одрекувањето од кафе ќе допринесе за подобар изглед на мојата кожа, па затоа одлучив да се откажам од мојот утрински ритуал на неколку недели.

Па, зошто кафето е „виновникот"? Накратко, научно објаснето: кафето има многу киселини. Големите дози на кисел кофеин во комбинација со вашите хормони, особено хормоните за стрес, влијаат врз зголемената мрснотија на вашата кожа. Пред се', кафето е диуретик и поттикнува мокрење, па така предизвикува и дехидрација.

Јас спаѓам во групата луѓе кои пијат до четири кафиња дневно, па сум на сигурен пат до дехидрација. Пред се', сигурно ве интересира дали ми недостасуваше кафето наутро за време на три недели? – Апсолутно!

Не очекував чудо, но за време на првата недела немаше никакви разлики на мојата кожа на лицето. Но, во втората недела веќе исчезнуваа акните кои одамна се појавиле. Веќе во третата недела целосно исчезнаа и морам да признаам дека мојата кожа изгледаше одлично. Проширените пори кои одамна ме мачеа изгледаа помали од претходно. Секако, кожата не ми беше совршена како кај Џенифер Лопез, но одрекувањето од кафе конечно почна да ми се допаѓа.

Другата промена која ја забележав е – помало ниво на маснотија. Отсекогаш сум имала неколку суви зони на лицето – околу носот и брадата, но веќе во третата недела, мојата кожа беше со еднаков состав, што ме натера да верувам дека мешаната суво-масна текстура на кожата беше резултат на дехидрација поради конзумирањето на кафе.

Сепак, мојата кожа не стана совршена како да е „фотошопирана" за три недели, но мислам дека во целост ќе се откажам од кафето и дека резултатите ќе бидат подобри на долг рок.

 

 

 

06.12.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега