Попоски: Не постои рок за одговор на предлогот на медијаторот Нимиц
Нема рок за одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски.
- Не постои никаков рок кој е поврзан со датум кој го спомнавте или некој друг рок. Она што е во реалноста е дека Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот. Тоа е наш интерес. Имаме многу причини зошто да сакаме тоа да биде изведено на еден нормален начин. Од наша страна сме целосно посветени на процесот, ги имаме исполнето сите оние критериуми кои се меѓународно преземена обврска, сакаме да имаме отворен дијалог со нашиот јужен сосед и мислам дека доколку таква посветеност видиме и во Атина тогаш сликата навистина би била подобра околу европските и евроатлантските интеграции. Тоа очекуваме да го видиме, рече Попоски на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот албански колега Алдо Бумчи.
ФОТО:Влада