Уапсен нов осомничен за убиствата кај Смилковското Езеро

Уште едно лцие е упсено за случајот Монструм, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, станува збор за 28 годишниот Сами Љута, кој бил уапсен на граничниот премин Блаце при обид да ја напушти земјава. Нашите извори велат дека по наредба на Јавниот обвинител со посебен извештај е проширена истрагата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро по што на Љута му е изречен 30 дневен притвор по наредба на Истражен судија.
За масакрот на Смилковци на  Велики Четврток пред минатата година Судскиот процес за “Монструм” стартуваше на 20 декември, лани. На обвинителната клупа се Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ, Рами Сејди и Хаки Азири. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се обвинети за директно извршување на убиството, се обвинети и се наоѓаат во затвор во Косово за нелегално поседување оружје

28.08.2013 - 17:37

најчитано сега