Внимавајте: Високите температури носат опасност од пожари

 

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да внимаваат при посети на излетничките места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

Граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби или да се јават на телефонскиот број 195. Од ЦУК апелираат до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици.

ФОТО:Сител

најчитано сега