Пица готова за 15 минути - ваква нема ниту во една пицерија

 

Брз, вкусен, крцкав совршен оброк. 
Состојки: 
20 грама квасец, 250-300 грама брашно, 50 милилитри масло, 1 кромид, 100 тврдо сирење, малку домат, 200 милилитри млеко, оригано, 200 грама сувомеснато по избор, кеќап или доматно пире. 
 
Подготовка: 
Квасецот се растопува во млакото млеко, можете да додадете и една лажичка шеќер. Изм ешајте го брашното, со масло, додајте го стасаниот квасец, па измесете меко тесто. Оставете го да отстои околу 15 минути, па размесете го тестото што потенко. Тестото премачкајте го со кечап или доматно пире. Посипете го изренданото сирење, исецкајте четири домати и на крајот посипете оригано. 
 
Преку сето тоа изрендајте кашкавал и пецете на 230 степени околу 10-15 минути.
 
 

 

 

10.11.2017 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега