ВИДЕО:Полицијата искорна 344 стебла марихуана близу Скопје - погледнете што начека МВР во Пагаруша

Во понеделникот, во атарот  на селото Пагаруша во месноста  викана „Две Реки„, македонската полиција пронашла и искорнала 344  стебла од растението „Канабис  Сатива„, со големина од 55 до 260 сантиметри. Полициските екипи ги пронашла и цревата за наводнување на растенијата. 

Скопската полиција извршила увид на местото и земала примероци од стеблата, а биле подигнати и цревата и пронајдениот алат кои ќе бидат испратени на крим - техничка обработка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето или лицата кои ги одгледувале стеблата. 

По извршеното вештачење и целосното документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

 

 

 

28.08.2013 - 12:11

најчитано сега