Зошто е добро да пиете една лажица кокосово масло на ден

 

Пиењето една лажица кокосово масло дневно се покажало корисно за подобрување на срцевото здравје и помага при слабеење.

Порано кокосовото масло се сметало за штетно за човековото здравје бидејќи нутриционистите мислеле дека заситените масни киселини што ги содржи биле слични на оние во маргаринот што се синтетички создадени.

Новите истражувања докажаа дека бидејќи се природни, заситените масни киселини во кокосовото масло се благотворни за нашиот организам. Во САД било направено обемно истражување за предностите на кокосовото масло за кардиоваскуларното здравје и се покажало како стимуланс за губење тежина.

Научниците велат дека испитаниците кои имале кардиоваскуларни проблеми и пиеле чисто кокосово масло секој ден забележале намалување на холестеролот и намалување на вишокот килограми, особено масните наслаги околу струкот.


 

 

 

06.11.2017 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега