Науката потврди: Цел живот погрешно ги варите тестенините, ова е вистинскиот начин

 

Нов ден, нова информација дека нешто погрешно сте го правеле. Овој пат главен актер се тестенините.

На сечија трпеза барем еднаш неделно тестенините се главен оборок. Сите ние гиприготвуваме така што во зовриена вода во која сме додале сол и масло, ќе ги додадеме тестенините за да не се лепат.

Но, американското друштво за хемија на својот Јутјуб канал советува дека во водата не смее да се додава масло.

Поголемата количина од маслото исчезнува кога тестенините ќе се процедат и тоа малку што останува не е доволно да го спречи залепувањето на тестенините.

Американските хемичари велат дека најголемото зло кое може да им го направите на тестенините е да ги измиете со вода. Варењето во вода го ослободува скробот од тестенините и тие стануваат лепливи, што овозможува сосот полесно да се впие во нив.

 

 

 

03.11.2017 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега