Не ја фрлајте кората од мандарина - може да ве спаси од кашлица и болести
Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а дома имате непрскани мандарини, од нивната кора можете да направите одличен лек.
Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а дома имате непрскани мандарини, од нивната кора можете да направите одличен лек.
Еве што треба да направите ако сакате да ја искористите кората од мандарините како лек:
-Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла
-Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40 процентен алкохол
-Тегличката добро затворете ја и оставете ја да отстои една недела на темно место
-Земајте по една лажичка по јадење, откако ќе изедете една лажичка мед А ова се останатите причини поради кои мандарините се супер овошје:
Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама мандарини има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а исто така е богато со влакна кои го подобруваат варењето на храната.
Мандарините се добри за видот, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Доколку сте спретни во кујна, можете да направите и сос од мандарини, кој ќе го послужите во комбинација со дивеч или како дресинг за салата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа