Ја фрлате водата каде што се вареле шпагетите - кога ќе го видите овој трик нема да го правите тоа
Она по што сите ние посегнуваме кога сме гладни, а немаме голем избор се секогаш шпагетите. Водата зоврива, додавате сол, малку зејтин и шпагети и чекате. Сѐ е во ред до наредниот чекор кога сите внимателно и без исклучоци ги цедите шпагетите.
Разликата помеѓу шпагетите во ресторан и оние дома лежи токму во водата која ја цедите. Не дозволувајте изгледот да ви го „помати“ умот и никако не ја фрлајте водата. Солта и скробот кои остануваат во водата идеално ќе го згуснат секој сос со кој ќе ги сервирате тестенините.
Затоа, следниот пат кога ќе помислите да ја фрлите водата не правете го тоа, туку бидете креативни и подгответе некој интересен сос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа