Кафе со путер навистина топи калории или станува збор за лага?

 

Во последно време има многу видови на кафе, но на последниот хит на кафе со блендирани парчиња путер и специјално масло не му одолеа ниту Дејвид Бекам.

Дел од експертите велат дека кафето приготвено на овој начин, ќе го снабди вашето тело со енергија за пет часа, ќе го зголеми метаболизмот, ќе го забрза согорувањето на масти и ќе го намали вашиот апетит за слатко.

Интернетот пак изобилува со блогови на луѓе кои се обиделе да пијат од нетрадиционалниот пијалок со недели и се чувствуваат полни со енергија, или пак,  признаваат дека сепак умираат од глад до десет и пол.

Професионалните спортисти кои го наоѓаат кафето за корисно, не го консумираат секој ден, а сертифицираните лекари и нутриционисти од сајтот www.AuthorityNutrition.com, отворено го нарекуваат лоша идеја, бидејќи содржи огромна количина на калории, без да го снабдува организмот со највредните хранливи ензими на порција пржени јајца, на пример.

 

Како да си приготвите кафе со путер?

Топлото кафе и маслото се мешаат до добивање на густ кајмак. Вкусот е необичен и всушност предизвикува чувство на ситост.

Предупредуваме, дека мислењата на оваа тема се поделени, иако е општо познато дека  Тибетанците со генерации додаваат масло од јак во своето утринско кафе.

 

А еве како да подготвите една супер енергетска шолја кафе:

1. Убаво наполнете ја лажицата со инстант кафе.

2. Не ја сипувајте водата во шолјата пред да зовире, но внимавајте да не ја превриете.

3. Земете една лажичка несолен, органски путер и ставете ја заедно со шолјата кафе во блендерот.

4. Мешајте сè додека не се растопи путерот.

 

 

 

04.10.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега