Дерби: Вардар му гостува на Хоризонт во Турново

Шампионот Вардар попладнево во рамките на 4.коло од Првата фудбалска лига гостува кај лидерот на табелата Хоризонт Турново. Според формата во која се наоѓаат двата тима и поради предноста на домашниот терен за фаворит може да се смета тимот на Хоризонт.

На другите дуели од ова коло играат: Работнички – Еуромилк, Ренова – Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер, Металург – Напредок и Гостивар – Шкендија. Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.

Табела: Хоризонт Турново 7 бодови, Брегалница 7, Пелистер 7, Металург 5, Вардар 5, Еуромилк 4, Работнички 4, Гостивар 3, Ренова 2, Шкендија 2, Напредок 1, Македонија ЃП 0

25.08.2013 - 11:13

најчитано сега