Со само неколку зрна на ден од оваа намирница прочистете го црниот дроб
Црниот дроб е орган задолжен за разложување на токсините што се создаваат во нашиот организам, а прекумерното внесување лекови, неправилната исхрана, бактериските и вирусни инфекции оставаат последици врз него.
Сувото грозје е одлично за прочистување на црниот дроб. Но, како да го направите тоа?
Постапката е едноставна. Наутро натопете половина чаша суво грозје со топла вода и оставете го 15 минути, а потоа измијте го со студена вода. Вратете го сувото грозје во чашата, па наполнете ја до врв со превриена вода оладена на собна температура. Оставете го грозјето во водата 24 часа, до следното утро. Следното утро испијте ја водата и изедете го сувото грозје на празен стомак. Откако ќе изедете сè, легнете барем еден и пол час и на десната страна на стомакот ставајте топли облоги (или термофор). Оваа постапка се прави еднаш неделно. Повторете ја четири пати за да има резултати, а потоа повторете ја и по шест месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа