Полесно до зачнување: Намирници кои ја зголемуваат плодноста

 

Овие намирници можат да ви помогнат да ја подобрите целокупната здравствена состојба, а посебно поволно влијаат на плодноста.

Како што пишува на womenshealthmag.com, првиот и најважен чекор за здрав репродуктивен систем е одржувањето на рамнотежа на хормоните. Има низа фактори кои влијаат на можноста да станете родители, а здравиот начин на живот и правилната исхрана се дефинитивно едни од поважните.

Авокадо

Содржи голема количина незаситени масти кои можат да ја зголемат плодноста. Едно истражување покажало дека жените кои биле подложени на вонтелесно оплодување, а имале исхрана богата со вакви масти, имале три пати повеќе успех во обидите да забременат.

Семки од сончоглед 
Се препорачува да грицкате семки од сончоглед барем три пати неделно. Богати се со цинк и помагаат во одржувањето на рамнотежата на репродуктивните хормони и влијаат позитивно на квалитетот на јајце клетките.

Цимет

Циметот помага да се намали нивото на инсулин во крвта и да се зголемат шансите за забременување во плодните денови.

Јајца

Се препорачуваат варени или поширани јајца, а пржените треба да се избегнуваат. Жолчката која не е тврда содржи повеќе витамини Д и Б6, кои влијаат на поголемо излачување на прогестерон, кој има важна улога во зачнувањето.

Хељда

Хељдата содржи материи кои помагаат да се намали нивото на инсулин и тестостерон кај жените, со што се зголемуваат можностите за зачнување за време на овулацијата.

 

 

 

12.09.2017 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега